Се одржа првата работилница на ЕРАЗМУС+ проектот „Европски центар за извонредност за креирање одржливи системи и бизнис трансформација“ – CATALYST, кој е дел од програмата за градење на центри за извонредност во домен на стручно образование и обуки. Овој проект е е еден од 13 проекти кои се избрани и финансирани во оваа програма на европско ниво во 2022 година. Проектен координатор е Институтот за истражување во животна средина, градежништво и енергетика – ИЕГЕ.
Главната цел е со воспоставувањето на обединет CATALYST Центар за извонредност на стручно образование (CoVE) во 5 држави, кој ќе креира едукативни програми за поттикнување на личен и организациски развој со цел да се олесни трансформацијата на малите и средни претпријатија и да поттикне соработка помеѓу образовните и деловните организации.
Првата работилница „Предизвици и перспективи во водењето на одржливи системи и бизнис трансформација“ се оддржа на 29 ноември, од 12:00 -14:00 часот, во организација на Институтот за истражување во животна средина, градежништво и енергетика, Градежниот Институт Македонија АД Скопје и Комората на Мал Бизнис.
Целта на работилницата беше да воспостави дијалог помеѓу компаниите, едукативните, јавните и граѓанските институции, со примена на методологијата за решавање на комплексни, динамични и отворени проблеми преку интерактивна „жива лабараторија“. На работилницата учествуваа истакнати експерти, раководители на проекти во домен на одржливи политики и практики, академската јавност, претставници на градежниот сектор, како и претставници на релевантни институти и државни институции, кои дадоа особен придонес во мапирање на тековните предизвици и идни перспективи во услови на потреба од бизнис трансформација и градење на одржливи капацитети.
Работилницата опфати три елементи: политики, закони и стратегии; бизнис аспекти и начин на менаџирање на истите, како и едукативен аспект за дефинирање на потребни вештини. Севкупно, беа претставени позитивни практики и предизвици на национално и европско ниво, од аспект на постоечки стратешки документи, директиви и законодавна легислатива. Помеѓу бизнис предизвиците, во најголема мера се истакна потребата од јасна систематизација на процесите во организациите, реорганизација и употреба на моделите во работењето, како и потребата од креирање на апликативни решенија. Дополнително, се иницираше на недостаток на технологии, координирани тимови и ефективност во работењето. Според добиените заклучоци, се увиде потребата од нови знаења, со акцент на нивна применливост, која е директно поврзана со примената на нови практики во едукацијата.
Досегашните активности на проектот вклучуваат анализа и мапирање на потребите и предизвиците на вработените и компаниите во однос на темите одржливост и менаџмент. Согласно добиените резултати и препораки ќе биде поставен CATALYST Центарот за извонредност, кој ќе развие и пилотира 70 курсеви за стручно образование и обука, како и пилот-проекти со компании и применети заеднички истражувачки проекти во избрани сектори според националната стратегија за паметна специјализација.
За повеќе информации за проектот посетете ја веб-страната http://projectcatalyst.eu/.