28. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Работна средба на министерот Спасовски со новоименуваниот шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал

Денеска, во Министерството за внатрешни работи се одржа работна средба помеѓу министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и новоименуваниот шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал.

Министерот Спасовски му упати честитки на амбасадорот Вал за именувањето на новата функција во Мисијата на ОБСЕ во Скопје, посакувајќи му успех и заеднички реализирани проекти во време на неговиот мандат, потенцирајќи го високото ниво на партнерство и соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, чијашто реализација се одвива во рамки на трите воспоставени стратешки работни текови на: професионализација, демократско полициско работење и транснационални закани.

За време на средбата соговорниците разговараа и за постигнатите резултати изминатиов период пред се потенцирајќи го фактот на зголемената доверба на граѓаните во полицијата и транспарентноста на Министерството.

Од страна на амбасадорот Вал беше искажана благодарност до министерот Спасовски за денешнава средба и беше дадено уверување и негова заложба и во иднина заеднички да продолжат со активностите во насока на градење позитивна перцепција на јавноста кон полицијата.

Можеби ќе ве интересира

Физички го нападнале и го удирале со боксови и клоци по целото тело и глава – детали за убиството во Кавадарци

ДЕСК

Денес е неработен, а веќе следниот месец следува продолжен викенд – Еве ги преостанатите празници до крајот на 2025

ДЕСК

Спречен обид за криумчарење препарати за заштита на растенија преку ГП Меџитлија

ДЕСК