27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Со антикризните мерки ја спасивме македонската економија но има уште работа

Го вложив сето мое 22 годишно менаџерско и економско искуство во приватниот сектор, за соодветен одговор на кризата, врз вредностите на солидарност и праведност, порача вечерва од Куманово претседателот Димитар Ковачевски на трибината „Силно и одлучно кон иднината“.

Ковачевски потсети дека во период од пред само неколку месеци, соочувајќи се со ударите од светската економска криза. не се знаеше дали ќе има леб, брашно, храна, струја, греење, нафта, не се знаеше дали ќе имаме доволно пари,.

– За мене беше најважно да ги заштитиме финансиски најзагрозените граѓани, пенизонерите со мали пензии, самохраните родители, социјалните случаи, другите ранливи категории граѓани, а од друга страна да се заштити и достоинството на работниците. Тоа е основата на социјалдемократијата која Куманово многу добро ја познава.

Претседателот Ковачевски додаде дека двата пакети антикризни мерки биле носени низ широки консултации и дека нивната реализација дала резултат.

– Пред да се донесат антикризните мерки, со мојот тим деноноќно имав консултации во кои беа вклучени експерти, работодавачи, здруженија, преставници на Стопанските комори во земјата. Ја спасивме македонската економија со мерките кои ги донесовме во текот на 2022 година, а вкупниот пакет на антикризни мерки изнесува досега 760 милиони евра. Најголем пакет во целиот регион. Пари од граѓаните за граѓаните.Обезбедивме доволно храна, струја, нафта, греење, никој не е оставен сам, им порача на граѓаните претседателот Ковачевски вечерва во Куманово.