17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ковачевски од Куманово: Ги исполнувам ветувањата, платите и пензиите ќе растат

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски рече дека Владата ја продолжува програмата за енергетска сиромаштија со која парично и директно се помогаат 4.000 семејства и им се обезбедуваат намалени сметки за потрошената електрична енергија. Тој на граѓанската трибина „Силно и одлучно кон иднината“ во Куманово истакна дека со оваа мерка, секое семејство поединечно е помогнато со скоро 200 евра во текот на годината.

-Компаниите ги ослободуваме од плаќање ДДВ при увоз на природен гас и електрична енергија, топлинска енергија или енергија за разладување. Повторно ова се над 26 милиони евра кои остануваат во оптег во стопанството. Поволните кредити за инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, во вредност од 100 милиони евра преку РБСМ по принципот 1+2 продолжуваат и понатаму да обезбедуваат поддршка за компаниите, рече претседателот на СДСМ.

Ковачевски додаде дека во ек на најголема енергетска криза ги остварил ветувањата што ги дал на почетокот од неговиот мандат како премиер.

-Минималната плата ја покачивме на 18.000 денари, а пензиите за 10 %. Просечната плата веќе е над 32.000 денари. Платите ќе продолжат да растат. Не застануваме овде, во буџетот за следната година, предвидовме пари за повторно покачување на минималната плата. Ќе растат и пензиите, за дополнителни 6%, а тоа значи дека на 330.000 пензионери во рок од 1 година пензијата ќе им се покачи за 16%. Политиката која ја водам е рационална и промислена, тоа е политиката на иднината на оваа земја, кажа Ковачевски.

Според него, македoнската економија ќе расте и ќе напредува.

-Ова го поткрепуваат и предвидувањата на ЕБОР дека македонската економија во 2023 година ќе има раст од 2.3 отсто. Многу повеќе од проекцијата за земјите од еврозоната која изнесува 0.3 отсто. Народната банка вели дека и оваа година ќе успееме да ја завршиме со раст од над 2 проценти. Наредната година со новата економска визија влегуваме во офанзива и економска пресвртница. Ниту едно општетство не може да има иднина, да се развива без економски напредок. Со мојот резултат во изминатите 10 месеци, со економскиот план и со многу работа заедно ќе успееме да ја пребродиме и последната фаза од глобалната криза, заклучи Ковачевски.

Спонзорирано: