Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЛОКАЛНО

ЈСП ќе набавува гориво по 118 денари за литар каде ќе завршува разликата?

Прес-конференција на СДСМ, Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје:

Неспособноста и бизнис интересите на ВМРО-ДПМНЕ е единствената причина за колапсот што му се случува на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Ова е документ, дел од склучениот договор за гориво за потребите на ЈСП.

14 и пол милиони литри дизел гориво ЈСП ќе набавува по цена од 100 денари за литар плус 18 отсто ДДВ, односно за 118 денари за литар.

Вредноста на договорот е 1,71 милијарда денари со ДДВ или скоро 30 милиони евра.

Цената на дизел горивото, денеска изнесува 86,5 денари за литар, а дневната потрошувачка на гориво на ЈСП е помеѓу 25 и 28 тони.

ЈСП дневно прави загуби од 1.000.000 денари или месечно околу 500.000 евра.

Ова е класичен пример како се испумпуваат пари од граѓаните и пример како Јавното претпријатие влегува во загуба.

Каде завршува разликата од реалната цена и цената утврдена во Договорот која е далеку повисока?

Одговорност за овој класичен пример на расипничко трошење на народните пари треба да понесе Управниот одбор, чии членови се главно активисти и членови на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитувани,

Со вакво неодговорно, расипничко раководење ЈСП е во колапс, а Градот влегува во банкрот.

ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка Данела Арсовска му приредуваат нова катастрофа на Град Скопје.

Со денови јавниот превоз е во колапс, а граѓаните не можат навремено да ги завршат своите обврски.

Наместо да понудат решенија ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска кои ја имаат власта во Град Скопје меѓусебно се препукуваат за рацете во медот, додека проблемите на граѓаните ги игнорираат.

ВМРО-ДПМНЕ е најголемата непогода што му се случува на Град Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: На 13 декември ја отвораме новата сала „Работнички“ – гордоста на Центар

ДЕСК

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

ДЕСК

Од денеска на полноќ почнува изборен молк за вториот круг од Локалните избори 2025

ДЕСК