Centar.mk
ТЕМАЛОКАЛНО

(ГАЛЕРИЈА) Доцна вечерва опожарени 3 контињери во скопски Бит Пазар – еве што остана од нив

Непознати сторители вечерва опожарија три сада за одлагање отпад лоцирани на булеварот Крсте Мисирков, во близина на Бит Пазар. Опожарените контејнери беа со зафатнина од 3,2 м3 и се целосно уништени и неупотребливи. Со цел да не се наруши динамиката на одлагање, собирање и транспорт на комуналниот отпад, ЈП Комунална хигиена-Скопје опожарените садови веднаш ги замени со нови.


Ова е трет случај годинава од страна на непознати сторители да бидат опожарени садови за одлагање отпад на истата локација. ЈП Комунална хигиена-Скопје апелира да престане уништувањето на контејнерите, за екипите на Претпријатието да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски на терен, согласно Оперативната програма за работа.

Сите случаи на опожарување на контејнерите се пријавени до надлежните органи. ЈП Комунална хигиена-Скопје упатува апел до МВР во најкус можен рок да бидат преземени соодветни мерки за да се пронајдат и санкционираат сторителите.

Можеби ќе ве интересира

Важни информации за возниот ред од ЈСП Скопје кој започнува со стартот на 2026-та година

ДЕСК

Ѓорѓиевски: Скопје – Европска престолнина на културата 2028

C +

Герасимовски: Започна големата целодневна предновогодишна забава во Центар

ДЕСК