14.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Маричиќ: Германија е цврсто зад нашите амбиции за брзи преговори

Според вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ посетата на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер е одличен сигнал за заинтересираноста на Германија за овој регион и Северна Македонија. Тој во гостување на ТВ21 рече дека Штајнмајер донел одлични пораки, односно дека Германија стои цврсто зад нашите амбиции за брзи преговори.

-Од Штајнмајер имавме големо признание за прифаќањето на францускиот предлог, како и охрабрување за уставните измени, со зачувани идентитет и јазик, но и поддршка за реформите, рече Маричиќ.

Во однос на преговорите Маричиќ информира дека скрининг процесот започнал од средината на септември и се завршени три кластера, а сега од средината на ноември е започнат потешкиот дел, а тоа е билатералниот скрининг.

-Нашите луѓе во Брисел се подготвени и презентираат детално. Оттаму ни кажаа дека во делот на јавните набавки имаме дигитализација подобра и од некои земји-членки на Унијата, рече Маричиќ.

Секако, додаде вицепремиерот, остануваат реформите во јавната администрацијата, како и алатките за борба против корупцијата и организираниот криминал.