Хаосот во градскиот превоз на град Скопје, не само што ќе продолжи туку и ќе се засили, по последните најави на приватните превозници кои планираат во петок да го блокираат централното подрачје на најфрекфентните раскрсници со двесте автобуси.
Кулминацијата на хаосот ќе ја видиме овој петок.
Приватните автобуси престанаа да возат бидејќи ЈСП и Град Скопје не им исплаќаат пари за тоа што возат секој ден. Според договорот на приватниците со Градот, тие треба да добиваат по едно евро за секој изминат километар. Но, овој договор градските власти не го почитуваат и три месеци не им се префрлени пари на превозниците со што вкупниот долг е 1,5 милион евра.
Данела Арсовска, градоначалничката, која победи на ланските локални избори и најавуваше “Модерно Скопје” и “Бесплатен јавен превоз” засега безуспешно го решава проблемот со хаосот во Скопје.
Зошто од одговорност бегаат и луѓето кои ја донесоа Данела Арсовска и помогнаа таа биде градоначалник
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски бараа поддршка од граѓаните на Скопје за нивната кандидатка за градоначалничка, но сега се оградуваат, иако најавуваа фабрика за автобуси и 250 нови еколошки автобуси.
Направија штета со блокирањето на БРТ системот и кредитот од ЕБОР со кој Скопје трајно ќе го решеше градскиот превоз.
Нема коментар ниту од конкурентите на Шилегов, кои индиректно или директно ја помогнаа победата на Арсовска.
Засега молк и од Бени Шакири кандидатот на ЛДП, но затоа советникот од ЛДП Никола Пановски револтиран ододносот на Арсовска ја напушти последната седница на совет.
„Десет месеци го трпам ова ваше однесување односно неодговарање на прашања. Немате култура на одговарања прашање, ниту едно прашање не сте одговориле досега од почетокот на мандатот. Јас ќе ја напуштам седницата, а службите нека ми го земат слободно паушлот што ми следува од оваа седница“, ѝ рече Пановски на Арсовска.
Ја нема фабриката за автобуси што Мицкоски ја најавуваше, велат од СДСМ
Јавниот превоз е во колапс, а и останатите јавни претпријатија се во хаос. Поради неспособноста и неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ, Скопје за првпат во историјата остана без јавен автобуски превоз, а деновиве се случува целосен сообраќаен хаос, објавија утрово од СДСМ.
Од владеачката партија се децидни дека нема ништо од бесплатниот автобуски превоз, нема нови автобуси и дека ја нема фабриката за автобуси што Христијан Мицкоски ја најавуваше.
-Не се менаџира ниту постоечкиот автобуски превоз, па граѓаните на Скопје со денови се приморани да ги користат само линиите на ЈСП, кои не се редовни што предизвикува нервози, доцнења на работа, на училиште, на факултет, на лекар…По Скопје 2014, ВМРО-ДПМНЕ со својата неспособност на главниот град му приредува нова непогода, порачуваат од СДСМ.
Веќе осум дена како на скопските улици не сообраќаат автобусите на приватните превозници. Приватните превозници вчера со триесетина автобуси ја блокираа крстосницата кај Мавровка и го парализираа сообраќајот во Скопје.
Се огласи и Шилегов: Со сензационалистичко пласирање на лаги и невистини, купуваш ден, недела, месец, но не решаваш проблем
Со сензационалистичко пласирање на лаги и невистини, купуваш ден, недела, месец, но не решаваш проблем. А нерешениот проблем ? Еееее, нерешениот проблем по истекот на денот, неделата, месецот се враќа и стравично удира. Право во глава …. Оди си. Не се (не) мачи сите …, и порача екс-градоначалникот Петре Шилегов на Арсовска, неодамна во свој фејсбук пост.