Centar.mk
КУЛТУРА

Уникатниот проект “КОРЕНИ” на Нико Ѓоргиевски, во Битола!

Почитувани сакаме да Ве информираме дека на 10.12.2022 во Офицерскиот Дом во Битола, ќе биде концертно претставен уникатниот проект на Нико Ѓоргиевски, насловен “КОРЕНИ”.

Нико Ѓоргиевски – “Корени е проект што ги спојува потеклото и индивидуалните културни (музички) влијанија и ги претставува низ креативна призма во кохезија на вибрации и преплетени музички мисли/филозофии на протагонистите. Со почит на предците и со надеж за разбирање на новите естетски видувања.
Ќе слушнете стари Македонски фолклорни песни преточени низ ситото на личните музички влијанија на изведувачите. Македонскиот фолклор ќе зазвучи низ призмата на неколку музички стилови.”

Нико Ѓоргиевски вокал и перкусии, на концертот ќе биде придужуван од Филип Димишковски пијано, Стефан Петановски гитара и Никола Бочваров бас гитара.

Специјални гости Зарина Првасевда и “Јаничари”.

Влезници во продажба на билетарата на Офицерскиот Дом Битола, цена 300 ден.

Гледај го бонус видеото и следи нè на YouTube за вакви содржини секој ден

Можеби ќе ве интересира

Почина познатиот македонски актер Лазе Манасков на 66 годишна возраст

ДЕСК

Дац и Александар – Дамите Бираат

ДЕСК

Скопје ја задржа титулата за Европскa престолнина на културата – следи трансформација од 55 милиони евра

ДЕСК