Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

Ценовен шок во Србија: Струјата поскапува за 8 отсто, гасот за 11%

Агенцијата за енергетика го одобри поскапувањето на струјата и гасот од 1 јануари 2023 година во соседна Србија, соопшти РТС.

Од почетокот на 2023 година цената на киловат-час струја кај домаќинствата ќе биде повисока за 8 отсто, а гасот за 11 отсто.

Според пресметките на Агенцијата за енергетика, сметката за домаќинствата кои трошат во просек по 400 киловати месечно ќе се зголеми на 300 динари.

Оние што ќе се греат на ТА печки и ќе ги вклучат навечер ќе имаат повисока сметка и до 1.000 динари.

Граѓаните кои ги греат подовите на електрични котли може да очекуваат сметки повисоки за 1.600 динари.

Агенцијата за енергетика е должна еден месец однапред да ги информира граѓаните за поскапувањето на енергенсите.

Министерката за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ претходно најави дека од 1 јануари струјата поскапува за помалку од 10 отсто, а гасот за 11 отсто, пишуваат српските медиуми.

Можеби ќе ве интересира

Пуштена во употреба новата микробиолошка лабораторија за квалитет на “Алкалоид” при официјалната посета на владина делегација на компанијата

ДЕСК

Убава вест: Ново поевтинување на дизелот

ДЕСК

Средба Димитриеска-Кочоска-Винички: Поддршката за буџетските процеси од Трезорот на САД е клучна за реформите во управувањето со јавните финансии

ДЕСК