Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Премиерот Ковачевски ќе посети откупен пункт на тутун во Прилеп и ќе направи увид на патот Дреново-Фариш

Од владината прес служба најавуваат дека претседателот на Владата Димитар Ковачевски на 28 ноември 2022 година (понеделник) со почеток во 12:00 часот ќе го посети тутунскиот комбинат во Прилеп каде ќе има средба со менаџментот и ќе посети откупен пункт на тутун. Потоа во 12:30 часот премиерот Ковачевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ќе дадат изјави за медиумите.

Агендата на премиерот Ковачевски продолжува со увид на експресниот пат Дреново-Фариш, каде со почеток во 13:35 часот заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавно претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми ќе дадат изјави за медиумите.