Вистински хаос владее во Скопје, откако од утрово приватните превозници ја блокираа раскрсницата кај Мавровка.
Илјадници скопјани не стигнаа на работа, факултет, училиште, лекар… затоа што сообраќајот е колабиран од 7 часот наутро.
Причината за протест е тоа што Градот Скопје има борџ од 2 милиона евра кон приватните превозници, а никако да ги плати.
Приватните превозници бараат оставка од Данела Арсовска, која пак пред само една година најави модерно Скопје со бесплатен јавен превоз и така придоби гласови со поддршката на ВМРО ДПМНЕ и познати урбани ликови да победи на локалните избори. Денес, една година подоцна, главниот град ги живее најмизерните моменти и личи на се’, само не на метропола.
Превозниците сега ја молат Владата да изнајде решение за нивнот проблем.
Скопјани се гневни и разочарани од ваквиот пристап на локалните власти, некои дури коментираа дека им е многу жал што гласале за опозицијата чии политики им го приредија овој хаос.