Centar.mk
ЛОКАЛНОИЗБОРвест

Белимов: Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ предизвика колапс на јавниот превоз и хаос во Град Скопје

Изјава за медиуми, Никола Белимов член на Градска организација на СДСМ:

Утрово кулминираше сообраќајниот хаос предизвикан од неспособноста од градската власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Јавниот превоз е во колапс, а и останатите јавни претпријатија се во хаос.

Студените денеска не можеа навреме да пристигнат на факултетите, учениците не можеа да стигант на часови, поради неспособноста и неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје за првпат во историјата остана без јавен автобуски превоз, а денес сведочиме на тотален сообраќаен хаос.

Не само што нема ништо од бесплатниот автобуски превоз, не само што нема нови автобуси, не само што ја нема фабриката за автобуси што Христијан Мицкоски ја најавуваше, туку не се менаџира ниту постоечкиот автобуски превоз.

Наместо реализацијата на ветувањата, ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска создадоа катастрофа во Град Скопје.

По Скопје 2014, ВМРО-ДПМНЕ со својата неспособност на главниот град му приредува нова непогода.

ВМРО-ДПМНЕ и нивната градска власт се големо разочарување за граѓаните.

Ја повикуваме градоначалничката Арсовска и мнозинството во Советот предводено од ВМРО-ДПМНЕ итно да преземат мерки и оваа катастрофална ситуација да се надмине веднаш.

Скопјани не заслужуваат да живеат во парализиран град со нефункционален јавен превоз.

Можеби ќе ве интересира

Ѓорѓиевски информира дека е започната сеопфатна и одлучна акција за расчистување на бесправно изградените и узурпирани објекти

ДЕСК

Населбата Бел Камен добива нова водоводна мрежа, со што се решава долгогодишниот проблем со водоснабдувањето.

ДЕСК

Oпштина Кисела Вода: Генерално се чисти општината

C +