23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Мицкоски нема план, нема идеја, затоа Левица го зема во заложништво

Ние имаме обврска да го држиме кормилото на земјата во вистинскиот, европски правец и да ги спречиме сите обиди за негово попречување, затоа што постојат закани на европскиот пат на земјава. Левица и Димитар Апасиев, со опасниот популизам, со својата анти-НАТО и анти-ЕУ потпалувачка реторика е фактор кој работи на загрозување на европскиот пат, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва на трибината организирана во Штип.

-Иако многумина можеби ја потценуваат, опасноста е присутна и дотолку поголема затоа што оваа партија Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги зема како нивни заложници. ВМРО-ДПМНЕ е целосно идеолошки обезличена а Мицкоски е слаб, нема став, нема визија и нема државничко чувство. Кога сте слушнале од Мицкоски став за клучно прашања за државата? Кога сте слушнале да даде некој конкретен план, некој предлог за доброто на граѓаните? Не сте слушнале затоа што нема, не постои план, истакна преседателот Ковачевски.

Ковачевски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ нема никаква идеја освен да шири лажни веси и деструкции.

-Самите го признаваат тоа. Вчера Николовски од ВМРО-ДПМНЕ по телевизии вели „план ќе ви кажеме кога ќе дојдеме на власт“. Па добро се слушаат ли што зборуваат. Немаат ниту план, немаат идеја, немаат визија за иднината и немаат понуда за граѓаните. Затоа Левица со своето дејствување стана десница и ги зема во целосно заложништво. Потпалувачките политики може да ја уништат иднината на земјата и да го попречат европскиот пат и ние тоа не смееме да го дозволиме. Нема да дозволиме опасни политички пиромани да ја загрозат иднината на земјата која што толку многу ја сакаме, заклулчи Ковачевски.