Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

За многу години: Се празнува Свети Јован Златоуст – Денеска е добро да се прочита барем еден дел од книга

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13 ноември, денот посветен на Св. Јован Златоуст.

Свети Јован Златоуст е еден од најголемите цариградски патријарси. Се роди во Антиохија, во 354 година. Во младоста ги изучи грчките философи, а се дообразува во познатата Антиохиска школа. По см ртта на родителите, се замонаши и почна строго да се подвизува. По својата мудрост се истакна уште во Антиохија, па подоцна, по барање на цар Аркадиј, беше поставен за патријарх во Цариград.

Бог го надари со дар на јасно расудување и убаво зборување, по кои едвај да е надминат од некого во историјата на Црквата. Се успокои во 407 година, во Ерменија. Од неговите мошти, главата се наоѓа во Успенската црква во Москва, а телото во Ватикан.

Се смета за еден од најучените светци, па се верува дека на овој ден вреди да се земе книга и да се прочита барем дел од неа. Сè уште се верува дека на овој ден жените не треба да земаат волна, конец или игли.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК