15. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Лукаревска од Пробиштип: 2023 е година на економска пресвртница, грижата за сите продолжува

Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска денеска од трибината „Силно и одлучно кон иднината“ во Пробиштип порача дека СДСМ преку Владата и институциите што ги предводи презема конкретни и навремени мерки за надминување на последиците од светската економска криза и дека следната година ќе биде подобра.

– Во време на најголема светска економска криза ја зголемивме минималната плата на 18.000 денари, ги зголемивме пензиите и платите, ги исплативме сите заостанати субвенции кон земјоделците и реализиравме два пакета мерки вредни над 760 милиони евра, порача Лукаревска.

Заменик претседателката Лукаревска истакна дека поддршката за граѓаните и економијата продолжува и натаму а Буџетот за 2023 е еден од инструментите за надминување на последиците од кризата.

– Во Буџетот за 2023 година предвидени се средства за зголемување на минималната плата и нов раст на пензиите, но и доволно средства за зголемување на лимитот за поврат на ДДВ кон граѓаните. Повратот на ДДВ е една од најуспешните мерки и од следната година го зголемиваме прагот за поврат од 1.800 на 2.100 денари квартално. 2023 ќе биде година на нова надеж и економска пресвртница, а тоа го покажува и проекцијата на ЕБОР за економски раст од 2.3 отсто што е повеќе од европскиот просек на раст исто така според проекциите на ЕБОР. Како одговорна партија продолжуваме да се грижиме за сите граѓани, порача Лукаревска во Пробиштип.

Лукаревска рече дека СДСМ и на локално ниво ја прави разликата. Додека ВМРО-ДПМНЕ ги заглави општините кои ги води, градоначалниците на СДСМ ги развиваат и постојано реализираат нови проекти а пример за тоа е градоначалникот на Пробиштип, Драган Атанасов, додаде заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ во Пробиштип.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Странските инвестиции паднаа од 1 милијарда евра на само 75 милиони во вториот квартал

ДЕСК

Возел под дејство на алкохол и направил сообраќајка – полицијата приведе шофер на опел

ДЕСК

Филипче: Алармантно, буџетската дупка ќе биде 1,4 милијарди евра на крајот на годината

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.