Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(ФОТО) Ковачевски на гости кај тетка Лепа и чичко Раде: Големо благодарам за срдечниот пречек и за дружбата – Сите ние сме деца на пензионерите, тие ја заслужуваат нашата поддршка и ќе ја имаат секогаш

Големо благодарам за тетка Лепа и чичко Раде за срдечниот пречек и за дружбата. Поразговаравме за тоа како е пензионерскиот живот, за стандардот, за тоа како ја поминуваат оваа тешка кризa, соопшти премиерот Димитар Ковачевски на фејсбук.

Знам дека не е лесно, особено за пензионерите. Но, тие никогаш нема да бидат оставени сами да се справуваат со кризата. Годинава ја зголемивме пензијата, наредна година ќе се зголеми пак, за тоа и се погриживме да има пари во новиот буџет. Но поважно е што системски се поставивме и како што ќе растат трошоците, така ќе растат и пензиите.

Сите ние сме деца на пензионерите, тие ја заслужуваат нашата поддршка и ќе ја имаат секогаш, рече Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Владата донесе одлука, се намалува данокот на ДДВ на бензините и нафтата од 18 на 10%,за да се спречи енормен скок

ДЕСК

Апсења и претреси во Куманово

ДЕСК

Одземени три возила во тетовскиот регион

ДЕСК