Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Средба Османи-Агелер

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи го прими амбасадорот, Бриан Агелер, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Босна и Херцеговина.

Во фокус на денешната тематска средба, беа приоритетите на претстојното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ 2023, меѓу кои Османи ги истакна зацврстувањето на теренските мисии и зголемената грижа на организацијата за регионот на Југоисточна Европа.

Во тој контекст, Османи меѓу другото ја истакна важната улога на ОБСЕ во градењето на стабилна и демократска Босна и Херцеговина.

“Високо ја цениме вашата помош во зајакнувањето на демократските капацитети на институциите на Босна и Херцеговина, како и напорите за изградба на доверба и сигурност во периодот по потпишувањето на Дејтонскиот договор“ нагласи Османи.

Воедно, Министерот истакна дека како иден претседавач со ОБСЕ, од јануари идната година, Северна Македонија ќе биде длабоко посветена на принципите и темелните вредности на организацијата, но ќе вложи и дополнителен ангажман во соочувањето со актуелните безбедносни предизвици во нашиот регион и пошироко.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Доаѓа време за вистината за бизнис врските на Мицкоски и Орбан

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Филипче огради се од криминалите на Заев, засукај ги ракавите и стави ја СДС на нозе која ја доведе на раб на исчезнување, засега немаш луксуз да си губиш време со избори во други држави

ДЕСК

Лишен од слобода возач од неготинско, кој возејќи под дејство на алкохол и со мерка забрана за управување, удрил во пешак во село Пепелиште

ДЕСК