Centar.mk
фото МВР
МАКЕДОНИЈА

Лишени од слобода осум возачи за „безобѕирно управување возило“, тројца возеле без положен возачки испит, четворица под дејство на алкохол, а еден возел со активна забрана

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, три лица управувале возило без положен возачки испит и тоа Е.Л.(21), Д.С.(53) и Н.И.(24) сите од Скопје. Под дејство на алкохол патничко возило управувале А.С.(28) и И.Б.(61) двајцата од Скопје, Ј.К. (36) од Крива Паланка, И.Ј. (54) од село Клечовце, кумановско, додека Џ.М.(45) од село Калково, валандовско управувал возило за време на изречена забрана за управување со моторно возило.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, велат од МВР.

фото МВР

Можеби ќе ве интересира

АКТ на СДСМ објави документ: Директорката на „Алта груп“ која е во притвор во Белград има фирма во Скопје

ДЕСК

Бојаџиева Марковска: Каде се 700.000 денари за проектот „Пензионерите за децата“ и зошто Герасимовски не дава одговори?

ДЕСК

СДСМ до Савески: Зошто сè уште нема истрага за Алта банка?

ДЕСК