Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Според податоците на популарната страница на Твитер „Ужасни мапи“, објавени се најчестите презимиња во европските земји.

На картата е прикажано презимето Стојановски како најбројно во Македонија.

Најпопуларното презиме во Хрватска е Хорват, што значи „Хрват“, а интересно е да се види дека истото презиме е најчесто во Словачка (Хорват). Новак, што би значело „нов доселеник“, е најчестото презиме во Словенија, Полска и Чешка. Иванов, пак, е најзастапен во Белорусија.

Посебно е интересен податокот дека Исланд сè уште функционира според патриотскиот систем, во кој името на таткото го одредува презимето на детето. Пред неколку века, таков систем бил вообичаен во сите нордиски земји и поради оваа причина сите презимиња во Данска, Норвешка и Шведска завршуваат на -son или -sen, што се однесува на син.

Можеби ќе ве интересира

Од шверц до естетски интервенции: под истрага мрежа што го загрозувала здравјето на граѓаните

ДЕСК

ИЗМАМА ПРЕКУ ФЕЈСБУК: Лажно нудела станови, земала пари како капар

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА СО АКЦИЈА: Марихуана одземена во Кочани и Облешево

ДЕСК