Centar.mk
ЛОКАЛНОвест

Над 600 посетители на еднодневниот Саем на креативни индустрии во Битола

Повеќе од 600 посетители, од кои најмногу основци и средношколци, ги погледнаа креациите и иновациите на креативниците од Битола и околината на еднодневниот Саем на креативни индустрии што се одржа завчера во Офицерски дом Битола.

На саемот се претставија 20-тина изложувачи од различни области од креативните индустрии – аугментирана реалност, рачно цртани парчиња облека, копаничарство, уникатни парчиња накит, издаваштво, сликарство, еколошки производи, детски играчки, роботика, дигитален маркетинг, лампи од реупотребени материјали, улична уметност и илустрации, слоу фуд или „нова гастрономија“ посветена на традиционалната храна, локалните ресурси и новите технологии, слоу фешн итн.

Саемот за креативни индустрии се одржа во два дела, од кои првиот се случи на почетокот на месецов во Скопје и истиот обедини повеќе од 40 изложувачи. Настанот се одржа под мотото „Креативноста е заразна. Дојди зарази се“.

Саемот за креативни индустрии се роди од идејата да се подигне профилот на креативниот сектор, да ги поврзе организациите кои имаат заеднички интерес во креативните индустрии и да ги едуцира децата на нов, невообичаен и интерактивен начин за креативните индустрии. Соединувањето на цела инфраструктура сочинета од дизајнери, уметници и водечки организации е иницијатива која има за цел да го подигне профилот на креативниот сектор, да ги поврзе организациите кои имаат заеднички интерес во креативните индустрии и да ги обедини сите креативци без оглед од кој сегмент на креативните индустрии доаѓаат.

Настанот го организираше од страна на Здружението „Балкан синема ситис“ во соработка со киното „Синеплекс“ и Културен и информативен центар – Битола, поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Ѓорѓиевски денес изврши увид во продолжувањето на градежните активности на улицата „Љубљанска“

ДЕСК

Изминатата седница санкционирани 123 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

ДЕСК

Зоолошката градина во Скопје ќе стане водечки центар за едукација, заштита на природата и хуман третман на животните

ДЕСК