Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МакедонијаТОП ВЕСТИ

Ковачевски – Филипиду: Продолжуваме со јакнењето на пријателските и партнерски односи помеѓу Република Северна Македонија и Грција

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска се сретна со новоименуваната амбасадорка на Република Грција ,Софија Филипиду.

Премиерот Ковачевски ѝ посака топло добредојде на амбасадорката, и ѝ посака успешно извршување на должностите, со што се очекува продлабочување на билатералните односи, особено во делот на економската соработка и енергетиката.

Заемно беше истакнато значењето на „Преспанскиот договор“, кој отвори нова страница во билатералните односи меѓу двете држави, а воедно беше нагласен интересот и посветеноста на двете страни за негова целосна имплементација, што уште повеќе ќе ги зацврсти пријателските и партнерските врски меѓу Северна Македонија и Грција.

На средбата заеднички беше оценето дека во услови на енергетска криза обете страни имаат особен интерес за стратешките инвестиции во енергетиката, вклучително и зелената енергија. За негување на успешни економски врски помеѓу двете држави, како особено значајно беше посочено инвестирањето во патната инфраструктура, односно Коридорот 10.

Премиерот ја искористи приликата да ѝ упати на амбасадорката Филипиду особена благодарност до неговиот грчки колега премиерот Кирјакос Мицотакис, за огромната поддршка што Република Грција континуирано ѝ ја дава на Република Северна Македонија во нејзиниот евроинтеграциски процес.

На средбата обострано беше констатирано дека има услови за натамошно унапредување на односите меѓу двете држави, како во областа на енергетиката и економијата, така и во повеќе други области од значење за граѓаните.

Можеби ќе ве интересира…

  • Biznispro.com
  • Вести +
  • Жена
Нова цена на горивата – Се очекува поевтинување

Утре Регулаторната Комисија стандардно како и секој понеделник треба да донесе одлука за утврдување на нови цени на горивата, кои ќе важат од вторник. На светските берзи цените на нафтата… Прочитај повеќе

Денеска РКЕ ќе стокми нова цена на горивата

Денеска Регулаторната Комисија за Енергетика стандардно како и секој понеделник треба да донесе одлука за утврдување на нови цени на горивата, кои ќе важат од вторник. Во моментов бензините се… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе