Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Ковачевски – Филипиду: Продолжуваме со јакнењето на пријателските и партнерски односи помеѓу Република Северна Македонија и Грција

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска се сретна со новоименуваната амбасадорка на Република Грција ,Софија Филипиду.

Премиерот Ковачевски ѝ посака топло добредојде на амбасадорката, и ѝ посака успешно извршување на должностите, со што се очекува продлабочување на билатералните односи, особено во делот на економската соработка и енергетиката.

Заемно беше истакнато значењето на „Преспанскиот договор“, кој отвори нова страница во билатералните односи меѓу двете држави, а воедно беше нагласен интересот и посветеноста на двете страни за негова целосна имплементација, што уште повеќе ќе ги зацврсти пријателските и партнерските врски меѓу Северна Македонија и Грција.

На средбата заеднички беше оценето дека во услови на енергетска криза обете страни имаат особен интерес за стратешките инвестиции во енергетиката, вклучително и зелената енергија. За негување на успешни економски врски помеѓу двете држави, како особено значајно беше посочено инвестирањето во патната инфраструктура, односно Коридорот 10.

Премиерот ја искористи приликата да ѝ упати на амбасадорката Филипиду особена благодарност до неговиот грчки колега премиерот Кирјакос Мицотакис, за огромната поддршка што Република Грција континуирано ѝ ја дава на Република Северна Македонија во нејзиниот евроинтеграциски процес.

На средбата обострано беше констатирано дека има услови за натамошно унапредување на односите меѓу двете држави, како во областа на енергетиката и економијата, така и во повеќе други области од значење за граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Два нови пилоти завршија обука во Шпанија за гаснење пожари, се приклучуваат на ДЗС

C +

Мицкоски: Имаме стабилни резерви, дополнително го намаливме ДДВ за горивата од 18 на 10%

ДЕСК

„Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, се заштедуваат отприлика околу 200 илјади евра на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

C +