Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
CentarМакедонија

И’ стигале девизи на банкарската сметка, но таа не пријавила данок во УЈП – Полицијата веднаш поднесе кривична пријава

Единицата за економски и комјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против К.Б.А.(52) од Република Бугарија, со привремен престој во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.

Пријавената, во поднесената задолжителна годишна даночна пријава за 2020 година не ги пријавила реализираните приливи на својата девизна сметка во вкупен износ од 111.151 американски долари.

На тој начин го одбегнала плаќањето на данокот на личен доход од 10% и го оштетила Буџетот на Република Северна Македонија во вкупен износ од 607.998 денари.