3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Атанасовски: Ако ДПМНЕ го сменила курсот кон Украина тогаш влегла во таборот на Левица и Кремљ

Аналитичарот Благојче Атанасовски не смета дека прашањето на анкетите за ставот на граѓаните околу војната во Украина би требало да создаде терен за партиски препукувања, бидејќи опозициската ВМРО-ДПМНЕ е за санкции против Русија и ја осуди руската воена агресија во Украина.

-Единствено, можеби ако го смениле надворешнопартискиот курс на водењето на политиката, па се придржуваат до „гласот на народот“. Тогаш директно влегуваат во таборот на Левица во прегратките на кремљфилијата, Путиновите вредности за општество и поимање на, „демократијата“ и е чесно да кажат пред своето членство и граѓаните. Во тој аспект барем нацидесничарите од Левица се искрени. ДПМНЕ нема да може уште долго време да глуми прозападна и евроатлантска партија, а со срцето и умот да биде идолопоклоник на Путин и неговата политика. Тоа можеби им функционираше во минатото, многу успешно и со години добро, но овој пат целата геополитичка конјуктура е сменета и таков курс, воопшто нема да биде толериран од САД и највисоката надворешна американска дипломатија, оценува аналитичарот.

Според последното истражување кое го спроведе агенцијата „Маркет вижн“ за порталот МКД повеќето граѓани на земјава не се задоволни од надворешната политика во однос на случувањата во Украина и во однос на Русија и не ги одобруваат санкциите кои Македонија ги спроведува кон Руската федерација. Сепак, според дел од аналитичарите, во изјава за „Локално“, ваквите податоци се зачудувачки и сметаат дека секој човек мора да ја осуди руската агресија.

Спонзорирано: