Интегрално соопштение на Уставниот Суд:
Уставниот суд денеска ја одржа 37. седница на којашто расправаше и одлучуваше по девет иницијативи за оценување на уставност и законитост.
1. Реферат У.бр. 72/2022
Нe се поведува постапка за оценување на уставноста на член 111 став 4 од Законот за административни службеници.
Подносител на иницијативата: Љупчо Јосев
2.Реферат У.бр.63/2021
Не се поведува постапка за оценување на уставноста на делот: „на некој предмет или право што се запишани во јавни книги“ од став 1 на член 128 од Законот за стечај.
Подносител на иницијативата: Бобан Богдановски, адвокат од Скопје
3.Реферат У.бр.93/2021
Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 40 ставови 3, 4 и 6 од Законот за процена.
Подносител на иницијатива: Душан Димитров
4.Реферат У.бр.144/2021
1. Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 62-а ст.1 во делот „од денот на издавање на одобрението за градење “ од Законот за градење и се отфрла иницијативата за оценување на уставноста на член 62-а став 2 во делот „од денот на издавање на одобрението за градење“ од Законот за градење.
5.Реферат У.бр.116/2021
1. Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 136 став 7 од Законот за високото образование и се отфрла иницијативата за оценување на уставноста на член 187 став 4 од Законот означен во точката 1 од ова решение.
Подносител на иницијативата: Центар за напредни истражувања, застапуван од д-р Темелко Ристески
6.Реферат У.бр.78/2022
Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 219 став 2 од Колективниот договор на МВР и се отфрла иницијативата во делот во кој се бара оценка на меѓусебната согласност на член 219 став 2 со член 243 став 3 од актот означен во точката 1 на ова решение.
Подносител: Синдикат на Полиција на Македонија од Велес
7.Реферат У.бр 120/2021
Не се поведува постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 6, член 8 и член 9 од Колективниот договор на Агенцијата за пошти, склучен помеѓу Агенцијата за пошти и Синдикалната организација при Агенцијата за пошти бр.01-152/1 од 26.07.2018 година.
Подносител на иницијативата: Агенција за пошти Скопје, застапувана од директор Билјана Аврамоска Ѓореска.
8.У.бр.78/2021
Не се поведува постапка за оценување на уставноста и законитоста на точките 3 и 4 од Одлуката за висината на надоместокот на пратениците за користење на автомобил во лична сопственост за службени цели и надоместок на трошоци за патарина.
Подносители: Политичка партија “Левица” – Скопје, Димитар Апасиев од Скопје, и Борислав Крмов од Штип.
Поради интерес на повеќе медиуми за овој предмет по исцрпената расправа ги појаснуваме аргументите врз коишто Судот го донесе решението:
– Комисијата за прашањата на изборите и именувањата како постојано работно тело на Собранието надлежно за определувањето на висината на надоместокот на трошоците кои, во согласност со прописите им се признаваат на пратениците, е надлежен орган за донесување на оспорената одлука;
– Правото кое пратениците го имаат на надомест за користење на автомобили во лична сопственост за службени цели и висината на овој надомест, се утврдени со Законот за пратениците. Со оспорената одлука се разработуваат условите за остварување на ова право, односно се прецизираат случаите кога се смета дека возилото се користи за службени цели;
– Оспорените точки 3 и 4 од Одлуката се во согласност со Законот за јавните патишта и со нив изворно не се утврдува право на пратениците
-Станува збор за правно прашање, по кое веќе Судот претходно расправал и зазел став во предметот У.бр.85/2006, при што предмет на оцена била иста одлука на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието, при што истиот став беше прифатен и во овој предмет.
9.Реферат У.бр.88/2021
Ја отфрли иницијативата за :
Буџет на Општина Демир Хисар за 2021 година, донесен од Советот на Општина Демир Хисар, на 49-тата седница, одржана на 12.03.2021 година, објавен во „Службен гласник на Општина Демир Хисар” број 4 од 18.03.2021 година;
-Одлука за извршување на Буџетот на Општина Демир Хисар за 2021 година, донесена од Советот на Општина Демир Хисар, на 49- тата седница, одржана на 12.03.2021 година, објавена во „Службен гласник на Општина Демир Хисар” број 4 од 18.03.2021 година;
-Завршна сметка на Буџетот на Општина Демир Хисар за 2020 година, донесена од Советот на Општина Демир Хисар, на 49-тата седница, одржана на 12.03.2021 година, објавена во „Службен гласник на Општина Демир Хисар” број 4 од 18.03.2021 година.
Подносител на иницијативата:Љупчо Ангелески