Centar.mk
ЛОКАЛНО

Кампањата ,„ПОДАЈ РАКА И ПРОМЕНИ ЖИВОТ – СТАНИ ЗГРИЖУВАЧ!” и во општина Ресен!

Со единствена цел секое дете да расте во топол дом и да добие шанса за светла иднина, настанот е со цел промоција на згрижувањето и информирање за бенефитите и условите за истото.

На 23.11.2022 – среда, со почеток во 11.00 часот, на плоштадот Цар Самуил при Општина Ресен, а во 13.30 во салата при локалната канцеларија на АВРМ (Агенција за вработување на Република Македонија) во РЕСЕН, посетете не и дознајте ги придобивките од згрижувањето, како и начинот на кој може да се  стане згрижувач.

Националната кампања се спроведува од страна на СОС Детско село во 26 општини во Републиката во 2022, а е во соработка со Центрите за поддршка на згрижувачки семејства ,,Битола” и “11 Oктомври”, Министерството за труд и социјална политика и локалните самоуправи, а овозможена е од страна на Германското министерство за економски развој и соработка.

Настанот е наменет за сите заинтересирани граѓани, со потенцијал да станат згрижувачи, кои преку промотивни материјали и директни консултации со стручни лица, како и самите згрижувачи, можат да се информираат, повеќе за згрижувањето.

Згрижувачите добиваат месечен надомест за згрижено дете (16.788 мкд за секое згрижено дете), надомест за згрижувач, услуга на стручна помош и поддршка преку центри за поддршка за згрижувачки семејства, како и други придобивки, од кои и траен надоместок од државата со навршен стаж од 15 годони згрижувач.

На овој начин, згрижувачите учествуваат во можеби најхуманата активност – заштита на детето, прават вистинска промена и менуваат не само еден живот – но цели генерации.  преку што, истовремено ја намалуваат стигматизацијата во општеството за децата во недостиг од соодветна грижа.

На настанот ќе присуствува Градоначалникот на Општина, г. Јован Тозиевски, како и Директорот на Центарот за социјална работа, г. Борче Ристевски, како и претставници од Центарот за поддршка на згрижувачки семејства Битола, кои се надлежни за општина Ресен и кај кои можете да се обратите со сите дополнителни прашања.

ПОВЕЛЕТЕ, ПОСЕТЕТЕ ГО НАСТАНОТ НА ДЕН,  23.11.2022 година  во Ресен на Плоштадот Цар Самуил и во Салата при Агенција за вработување во Ресен (13.30 часот) И ИНФОРМИРАЈТЕ СЕ КАКО МОЖЕТЕ ДА СТАНЕТЕ ЗГРИЖУВАЧ.

За сите кои се заинтересирани да станат згрижувачи, а немаат можност да присуствуваат на настанот, повеќе информации за тоа како да станат згрижувач, можат да добијат на телефонскaта линија 075/277-477 и веб страната http://www.zgrizuvanje.mk.

 

Можеби ќе ве интересира

Широк Сокак добива семафор: Мал сообраќаен потег, голема промена за центарот на Битола

ДЕСК

Посебен режим на сообраќај во Скопје

ДЕСК

Известување за воведување на нов сообраќаен режим на новите семафори на крстосниците со булеварот “Македонија”

ДЕСК