20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

(Видео) Баковска: За учениците во Битола нема превоз, за Коњановски има нов автомобил

За учениците во Битола нема превоз, ама градоначалникот Тони Коњановски се вози со новиот џип „пежо 2008“, набавен пред една година од претходната градоначалничка на Битола, обвини Весна Баковска од СДСМ Битола.

„Изминува трет месец од почетокот на учебната година, а учениците што доаѓаат на настава во Битола од околните населени места уште немаат обезбеден превоз од Општината.

До каде е, градоначалниче, Тони Коњановски, постапката? Има ли надеж до крајот на полугодието да го обезбедите превозот, кој е законска обврска на Општината? Кој ќе им ги покрие тршоците на семејствата што што учениците ги прават секој ден што патуваат до Битола? Зошто од седумте нови возила, набавени од претходната локална самоуправа, во функција не се ставени ниту комбинањата за превоз на ученици ниту комбинањата за превоз на лица со посебни потреби, туку само белиот џип „пежо 2008“ од кого Коњановски не се симнува?

Хаосот во менаџирањето со Општината и особено со образованието од страна на градоначалникот Тони Коњановски доби и меѓународни димензии со скандалозното патување на директорката на техничкото училиште, Жанета Сервини, во Бугарија. Нема осуда, нема казна, нема никаква постапка. Пораката на Коњановски е јасна – секој нека прави што сака додека не го фатат“, рече Баковска.