3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Спасовски на Саем за безбедност: МВР и Комората за приватно обезбедување се добар пример за меѓуинституционално партнерство

Денеска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се обрати на Саемот за безбедност што се оддржа во трговскиот центар Сити Мол, а во рамки на традиционалната кампања – одбележување на Денови на приватното обезбедување, во организација на Комората на Република Северна Македонија за приватно обезбедување.

Министерот Спасовски во своето обраќање истакна дека сегментот на приватното обезбедување, како ретко која стопанска дејност во изминативе години бележи впечатлив напредок во секој поглед од неговото работење: организационен, технички, професионален, стручен и нормативен аспект. „Препознавајќи го тој важен сегмент во делот на безбедноста, Министерството за внатрешни работи и Комората на Република Северна Македонија за приватно обезбедување, уште во 2018 година, поаѓајќи од заедничкиот интерес за продлабочување на партнерскиот однос во унапредување на приватната и јавна безбедност, потпишавме Меморандум за соработка. Овој Меморандум претставува правна рамка што дополнително отвори простор да се размислува и делува околу продлабочување на меѓусебната соработка, користејќи ги сите отворени можности и перспективи во домените на нашата и ваша надлежност – јавната и приватната безбедност”, посочи министерот Спасовски. Според министерот Спасовски крајната цел се повисоки ефикасни нивоа на безбедност во интерес на граѓаните на Република Северна Македонија.

„Дека сме добар пример за меѓуинституционално партнерство говори високото ниво на соработка и комуникација, но и постигнатиот степен на развој на дејноста на приватното обезбедување, со конкретни резултати во секојдневното функционирање. И, што е исто така особено важно, очигледните потенцијали што ги нуди и содржи вашата дејност, во контекст на еден поширок јавен интерес”, рече министерот Спасовски.

„За нас како Министерството за внатрешни работи од голема важност и од непосреден интерес се постојаната стручна и професионална надградба на дејноста приватно обезбедување, исто како што е нужен нашиот постојан контакт, размена на искуства и стручна соработка”, нагласи министерот Спасовски.

На крајот од своето обраќање, министерот Спасовски изрази задоволство што и годинашното одбележување на Деновите на приватното обезбедување содржински тежнее кон понатамошно подигање на нивото на квалитет, преку презентација на тенденции кои одат во правец на континуирано унапредување на приватното обезбедување.

Спонзорирано: