Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Бизнис

Бесими: Спроведуваме постепена косолидација, во 2023 година 0,7 п.п. понизок буџетски дефицит

Постепена фискална консолидација, добра стратегија и издржан план за забрзување на растот, инвестиции во човечкиот и физичкиот капитал, дигитализација и одржливост се петте клучни чекори за забрзување на економскиот раст, по заздравување на економијата од тековната глобална криза. Ова во својата најнова колумна посветена на буџетот и економските стратегии, го пишува министерот за финансии, Фатмир Бесими.

За да зборуваме за забрзување на економскиот раст и користење на јавните финансии за стимулација на растот, пред се треба да постои фискален простор. Но, од друга страна, силното фискално затегнување, особено во време кога економскиот раст забавува, може да предизвика контракција на економијата и негативни последици, посочува министерот Бесими.

-По надминувањето на првиот и најсилен удар од пандемијата, започнавме со постепено намалување на буџетскиот дефицит. Со новиот предлог-буџет за 2023 година, буџетскиот дефицит се намалува за 0,7 процентни поени во однос на проекцијата за 2022 година. Наша цел е на среден рок тој постепено да се сведе под 3%, односно под Мастрихшкиот критериум – истакнува Бесими.

Во рамки на стратешкиот и плански пристап за забрзување на економскиот раст, Бесими го посочува Планот за заздравување и забрзување на растот, каде по примерот на Јункеровиот план, се планира мобилизирање на приватен, покрај јавниот капитал за инвестиции.

-Со средствата ќе се подржат проекти во јавниот и приватниот сектор кои ќе значат подобрување на конкурентноста на економијата и подобрување на квалитетот на живот, животната средина, дигитализацијата, иновациите, човечкиот капитал и општествената инклузивност – пишува министерот.

Понатаму, тој во колумната ги истакнува инвестициите, јавните и приватните како мотор на економскиот раст и развој.

-Инвестирањето, како во човечкиот, така и во физичкиот капитал, е оној мултипликативен дел од равенката за бруто-домашниот производ. Оттаму, фокусот го ставаме на инвестициите, вклучително и со новиот предлог-буџет. Инвестициите во човечкиот капитал се издвоени како еден од петте клучни приоритети на Владата. Ќе посочам дека со техничка помош од Светска банка, работиме на Стратегија за развој на човечкиот капитал, со што земјава се издвојува како прва во регионот која ќе добие ваков стратешки документ. Во однос на инвестициите во развој на инфраструктурата, нашата заложба е со секој буџет тие да бидат повисоки. Структурата на буџетот се менува во интерес на развојната компонента – истакнува министерот.

Како начин за дополнително стимулирање на економскиот раст, министерот ја истакнува дигитализацијата. Таа, посочено е во колумната, е катализатор на растот на продуктивноста на трудот и капиталот, како и начин да се добијат производи и услуги по пониска цена.

Како последен од чекорите за постигнување на долгорочен економски раст и развој, Бесими ја посочува одржливоста, односно одржлива енергија, одржливо земјоделство, одржливи финансии итн. Министерот истакнува дека одржливоста е сплет на паметни и прилагодливи политики кои даваат резултат на подолг период. Затоа во рамки на инвестициската агенда, Владата го зема и овој аспект, додека кај финансиите покрај фискалната консолидација, се и развојните буџетски политики и фискалната децентрализација.

Можеби ќе ве интересира…

  • Biznispro.com
  • Вести +
  • Жена
Ова се сите неработни денови за новогодишните и божикните празници во 2023 година

Со доаѓањето на крајот на старата 2022 година, многумина се прашуваат кои се неработните денови кои следат во декември и јануари со цел да си го испланираат слободното и празнично… Прочитај повеќе

Ковачевски до Мицкоски: Не е храборст да се криеш зад Апасиев и да бараш предвремени избори затоа што си уплашен

Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев се совршена комбинација за хаос и деструкција, порача вечерва претседателот Димитар Ковачевски на граѓанската трибина „Силно и одлучно кон иднината“ во Куманово. Ковачевски истакна дека… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе