Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Битиќи – Агелер: Северна Македонија како полноправна членка на НАТО е сигурен партнер за инвеститорите во земјава

Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, оствари средба со новоназначената амбасадорка на Соединетите Американски Држави во земјава, Н.Е. Анџела П. Агелер.

Вицепремиерот Битиќи ѝ посака добредојде и успешен мандат на амбасадорката Агелер во Северна Македонија и изрази благодарност за одличната работа и отворена соработка на претходната американска амбасадорка Кејт Мери Брнс.

Амбасадорката Агелер посочи дека ова е важно време за Северна Македонија, свесни за тешките одлуки кои требаше да се донесат, го одиме патот кон интеграција со Европската Унија, за што амбасадорката посочи дека ја имаме целосната поддршка од САД.

Вицепремиерот Битиќи и амбасадорката Агелер се согласија со заеднички ангажман и понатамошна комуникација, да работат посветено на унапредување на меѓусебната економска соработка која ќе оди рака под рака со преговорите за членство со Европската Унија, но пред сé за подобар живот на сите граѓани на Република Северна Македонија.

Во таа насока, Северна Македонија како полноправна членка на НАТО е сигурен партнер за инвеститорите во земјава, а Владата постојано работи на предвидливост и стабилност на за развој на бизнисот, што води кон развој и раст на домашната економија.