Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Премиерот Ковачевски и вицепремиерот Битиќи ќе учествуваат на Социо-еколошкиот форум

Денеска во хотел Александар Палас со почеток во 9:15 часот претседателот на Владата, Димитар Ковачевски ќе учествува на панел дискусија „Социјално-праведна енергетска трансформација на Европа”, во рамки на Социо-еколошкиот форум (СЕФ) во организација на фондацијата „Фридрих Еберт“, меѓународниот центар „Олоф Палме“ и Прогрес – Институтот за социјална демократија.

Потоа, во 11:30 часот на панел дискусијата со тема „На демократијата и се потребни демократи, а на енергијата демократизација“ ќе учествува заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските сектори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

Форумот се организира втора година по ред и собира на едно место претставници на земјите од Западниот Балкан за да дискутираат за чиста-зелена енергија и енергетски ефикасни економии.

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИЈАТА НЕ ПРОСТУВА: Девет возачи завршија во станица по опасно возење

ДЕСК

Се апси на повеќе локации низ Македонија, и тоа во Скопје, Прилеп, Струга, Неготино, Табановце… – осум лица завршија со лисици на рацете

ДЕСК

Груевски добил унгарско државјанство, објави „ВиСквер“

C +