13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
televizija
+МАКЕДОНИЈА

Одбележување на Светскиот ден на телевизијата

Одбележувањето на денешниот ден е признавање на улогата на телевизијата во едуцирањето, обезбедувањето информации, промовирањето на слободата на изразување, толеранцијата, отвореноста за изразување на различните култури.

Прогласен со резолуција на Обединетите нации 1996 година, целта на Светскиот ден на телевизијата е да се зголеми свеста за влијанието што телевизијата го има во градењето ставови кај публиката и улогата во свртувањето на вниманието кон економските, општествените, здравствените и други прашања.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на сите телевизии во земјава им го честита Светскиот ден на телевизијата и ги повикува да дадат сопствен придонес во неговото одбележување.

Спонзорирано: