Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Марихуана и кокаин пронајдени кај велешанец, при претресот нападнал полицаец

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 32 – годишен велешанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 и кривично дело – Напад на службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 од Кривичниот законик.

На 17 ноември осомничениот нападнал службено лице – полицаец од СВР Велес кој се обидел да го претресе. Кога полицаецот со уште двајца колеги се доближил, осомничениот почнал да бега. Штом полицајците го стигнале, тој два пати со тупаници го удрил оштетениот полициски службеник во пределот на градите, а со нога го удрил во ногата и телесно го повредил. Сепак осомничениот бил совладан и кај него биле пронајдени 55,44 грама марихуана и 0,48 грама кокаин.

Поради опасост од бегство и повторување на кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка на Основен суд Велес достави предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК