Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Малолетници од Сиричино украле автомобил па предизвикале сообраќајка

Во текот на вчерашниот ден, околу 12.35 часот во тетовско Сиричино, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода двајца малолетници од Тетово затоа што претходно противправно одзеле патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, кое било паркирано на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, а со кое нешто подоцна предизвикале сообраќајна незгода.

Возилото било пронајдено и вратено на сопственикот М.В.(51) од Тетово. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.

Можеби ќе ве интересира

Димитријевиќ: Свиркачи јавуваат, власта врши притисок врз странска банка за купувач на Алта банка

ДЕСК

Европската комисија го нотира напредокот, МЈА продолжува со реформи за професионална и ефикасна администрација

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме?

ДЕСК