Centar.mk
ТЕМАЛОКАЛНОИЗБОРвест

Град Скопје изнајми 34 принтери, потпишан е договор вреден 5 милиони денари

Град Скопје на две години ќе изнајми 34 принтери од компанијата АБИКС ДООЕЛ Скопје.

Договорот кој има рамковна вредност од 4.956.000 мкд односно над 80.500 евра е потпишан на 12.10.2022 година.

Според договорот Градот Скопје ќе изнајми вкупно 34 принтери, и тоа 15 печатари кои ќе печатат во А4 формат, други 15 мултифункциски печатари кои ќе штампаат во а4 формат, но и по 2 црнобели и 2 колор мултифункциски печатачи кои ќе печатат во а3 формат.

Договорот вреден речиси пет милиони денари, му наложува на Град Скопје да исплаќа месечен надмоест од 108.750 денари без ДДВ за отпечатени 145 илјади страници во црно бела боја и 8.700 денари без ДДВ за отпечатени 3000 колор страници.

Предвидено е овој договор да трае 24 месеци.

Во мај Град Скопје остана без принтери откако градоначалничката го раскина тригодишниот договор со претходната компанија

Во мај годинава настана голем проблем затоа што актуелната градоначалничка Данела Арсова предвреме го раскина договорот, кој требаше да трае официјално до октомври, а претходната компанија си ги зеде сите печатачи.

Според договорот објавен на Бирото за јавни набавки, стануваше збор за тригодишен договор за изнајмување на мултифункционални печатари во вредност од речиси 87.000 илјади евра, склучен за време на градоначалникот Петре Шилегов.

Можеби ќе ве интересира

Советникот Андреа Сиљаноски во Општина Македонски Брод хуманитарно го подели првиот советнички хонорар.

ДЕСК

Ѓорѓиевски: Скопје конечно добива Луна Парк!

ДЕСК

Ѓорѓиевски, денес оствари протоколарна и исклучително пријатна средба со делегација од Амбасадата на Јапонија, предводена од амбасадорката Н.Е. Сецуко Кавахара

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.