Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Бочварски: Обезбедивме средства за реконструкција на локални улици и патишта во Велес и Чашка

Ве информираме дека министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска беше во работна посета на општините Велес и Чашка, каде со градоначалникот на општина Велес, Марко Колев и на општина Чашка, Горан Стојановски, ги потпишаа договорите за реконструкција на 4 локални улици во Велес и 3 локални улици во општина Чашка.

Средствата за проектите се обезбедени преку Министерството за транспорт и врски, преку Проектот за „Поврзување на локални патишта во општините“ односно, санација на локалните улици и патишта во општините, со вкупна од 70 милиони евра.

Во општина Велес се потпишаа договорите за реконструкција на улиците Живко Фирфов, Андон Шурков, Лазо Осмаков и ул. Орце Мартинов.

Вкупната инвестиција за реконструкција на овие улици во Велес изнесува 37,5 милиони денари.

Во општина Чашка договорот за реконструкцијата се однесува за улиците Ацо Шопов, Коста Кирков и улица во н.м. Мелница, вкупна инвестиција од 27,5 милиони денари.

„Од исклучително значење е реализацијата на овој проект за сите општини во државата. Преку директни грант средства до општините за реконструкција на локалните улици овозможуваме подобри услови за живот на граѓаните, урбан развој и пред се локален економски развој за општините. Очекувам дека со реконструкција на овие улици во Велес и во Чашка значително ќе го подобриме животот на жителите во овие две општини. Како одговорна Влада со силно темпо продолжуваме со реализација на овој проект се со цел да им помогнеме и да го промениме ликот на општините. Уште еднаш упатувам апел до сите градоначалници што поскоро да ги користат средствата што ги обезбеди Министерството за транспорт и врски од овој проект.“ – изјави министерот Бочварски.

Во рамките на Проектот за реконструкција на локални патишта до сега се реконструираа или се во фаза на реконструкција преку 100 улици и патишта во преку 50 општини низ земјата.

Министерството за транспорт и врски и во следниот период продолжува да биде активен партнер на локалните самоуправи.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот

ДЕСК

Таксист натепан во Скопје

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, двајца возеле без возачка дозвола, други двајца со активна забрана за управување возило

ДЕСК