Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

ВОНРЕДНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД УХМР: Подгответе се за невреме со обилни врнежи, можни поплави во селата и градовите поради излевање на реките

Започнувајќи од попладневните часови се очекуваат врнежи од дожд на целата територија на земјата, кои посебно ќе се интензивираат во текот на вечерните часови и за време на ноќта.

Поради тоа што постојат изгледи и веројатност локално врнежите да бидат интензивни и поројни предупредуваме на можност од брзо зголемување на водостоите на помалите реки и суводолиците со можност за нивни локални излевања, а исто така можни се и локални проблеми во дел од градските урбани средини.

За време на ноќта и утре изутрина се очекува зголемување на водостојот на сите реки низ земјава, а посебно на оние во југоисточните и источните делови, како и во крајните западни делови.

Предупредуваме на претпазливо движење покрај реките и суводолиците низ земјава во текот на вечерните часови, претстојната ноќ, како и за време на утрешниот ден.

Можеби ќе ве интересира

186 ПРЕКРШОЦИ КАЈ ВОЗАЧИТЕ ЗА ШЕСТ ЧАСА – Во Македонија контролирани 870 возила

ДЕСК

УТРИНСКА МАГЛА И ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО ВРЕМЕ – Еве каков вторник нè очекува во Македонија

ДЕСК

ТОПЛО ДО 21 СТЕПЕН, А ОД НЕДЕЛА ЗАЛАДУВАЊЕ – УХМР најавува дожд, утринска магла и силен јужен ветер

ДЕСК