Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

СДСМ: Како заложник на пироманот Апасиев, Мицкоски сака да ја украде иднината на младите

Реакција на СДСМ на изнессени ставови на Христијан Мицкоски:

Иднина на младите е во ЕУ и секој што со своите дејствија го попречува европскиот пат работи директно против подобра иднина на младите македонски генерации.

Христијан Мицкоски денеска уште еднаш потврди дека е слаб, дека нема став ниту визија и целосно е во заложништво на Левица и Димитар Апасиев.

Опасниот популизам одвнатре, анти европската и пироманска реторика на Левица и Апасиев стануваат се посилни а Мицкоски го имаат земено во целосно заложништво.

Мицкоски не го бара она што е добро за младите, не го бара она што е добро за иднината на државата, тој само гледа како да не заостане зад Апасиев.

Апасиев и Мицкоски сакаат да им ја украдат иднината на младите, повторно да бидеме блокирани од ЕУ како во времето на Груевски, а економијата да ни крахира.

Вистинската закана за иднината на младите е попречувањето на европскиот пат на земјава.

СДСМ никогаш нема да дозволи земјата да тргне по тој пат. На младите не им требаат опасни пиромани туку сигурна европска иднина со нова економска визија.

Политиките и визија на СДСМ и Димитар Ковачевски се единствена реална и сигурна опција за иднината на младите.

Можеби ќе ве интересира

СЛЕДУВААТ ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ И ГРМЕЖИ: Метеоцентар со детална прогноза која открива кога да очекуваме стабилизација и сончево време

ДЕСК

Нов ужас во Македонија: Ја грабнал од дворот и со ауди ја однел во напуштен објект каде ја тепал, па ја силувал додека била во бесознание

ДЕСК

Што значи дожд на Митровден: Каква година најавува овој ден?

ДЕСК

Нашиот веб сајт користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот. Прифати Прочитај повеќе

Privacy & Cookies Policy
error: Соддржината е заштитена.