Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МакедонијаТОП ВЕСТИ

Каевски: Ивица Томовски е паразит на ВМРО-ДПМНЕ, од тендери во ЕЛЕМ земал околу 60.000 евра со потпис на Мицкоски

Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ:

Со факти и документи покажавме дека ВМРО-ДПМНЕ е партијата на паразити, на луѓе кои додека граѓаните осиромашувале тие земале огромни народни пари, месечно и годишно.

Не биле само спомениците туку и огромните платите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ и нивните бизнис зделки во тоа време биле врз грбот на народот.

Покажавме дека повеќе од 93.000 евра пари од граѓаните завршиле кај Мицкоски во тој период на ВМРО-ДПМНЕ а кај Гордана Кочоска Димитриевска над 67.000 евра.

Денеска ќе покажеме уште еден паразит на ВМРО-ДПМНЕ.

Ивица Томовски, човекот што секој ден од белиот дворец, од симболот на криминалот и корупцијата, зборува за паразити и самиот е паразит на ВМРО-ДПМНЕ кој земал огромни пари од граѓаните во време на ВМРО-ДПМНЕ.

Со потпис на Христијан Мицкоски, Ивица Томоцски од ВМРО-ДПМНЕ бил избран за Управител на ЕЛЕМ Турс ДООЕЛ Скопје во 2017 година. Ова е тој документ.

Само од плати Томовски добивал над 2 денари или над 30.000 евра.

Но тоа не е се. Токму Томовски пред да биде избран од Мицкоски за Управител на ЕЛЕМ Турс добивал тендери токму од ЕЛЕМ за чистење на деловните простории преку приватна фирма Сити логистик.

Еве го тој Договор, вреден 2 милиони и 600 илјади денари или 42.000 евра, во име на Сити Логистик е потпишан како управител Томовски.

А чив потпис е од другата страна – се разбира на Христијан Мицкоски како директор на ЕЛЕМ

Ова е уште Договор за уште еден тендер вреден околу 1 милион денари или 16.000 евра.

Само од овие два тендери Томовски добил речиси 60.000 евра!

И сега Томовски го нашол Мицкоски да зборува за паразити? Замислете кои лажговци и манипулатори се во ВМРО-ДПМНЕ.

Срамота!

Додека платите на работниците во тоа време на ВМРО-ДПМНЕ беа 20.000 денари а минималната плата 8.000 денари они се богателе на нивниот грб.

Ова е вистината, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМЕ се партија на паразити.

Можеби ќе ве интересира…

  • Biznispro.com
  • Вести +
  • Жена
Ова се сите неработни денови за новогодишните и божикните празници во 2023 година

Со доаѓањето на крајот на старата 2022 година, многумина се прашуваат кои се неработните денови кои следат во декември и јануари со цел да си го испланираат слободното и празнично… Прочитај повеќе

Зеленски: Не му дозволуваме на непријателот да ги исполни своите намери, Русија бележи големи загуби

Украинскиот претседател Володимир Зеленски (Зеленски) зборуваше во ново видео обраќање во кое изјави дека ситуацијата на фронтот е многу тешка. – И покрај екстремно големите руски загуби, окупаторите се обидуваат… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе