23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСИЗБОР

Вработените во Твитер одговорија на ултиматумот на Маск: Објавија видео на кое одбројуваат секунди додека не добијат отказ

Мултимилијардерот Илон Маск (Елон Маск), новиот сопственик на Твитер, им постави ултиматум на своите работници, со кој им наредува да „заглават“ во својата работа, или да ја напуштат компанијата. Група вработени сега му испратиле неочекуван одговор.

Откако основачот на Тесла го купи Твитер, се случија бројни промени, од кои најзабележителни се по бројот на работни места.

Последниот од нив го повлекува ултиматумот на Маск кој им го дал на вработените – или да работат „исклучително напорно“ или да ја напуштат компанијата – што доведе до нова рунда отпуштања на ова работно место.

Маск го постави условот преку е-пошта, велејќи им на вработените дека треба да му кажат што одлучиле до 17 часот. Во спротивно, ќе бидат отпуштени. Една група ја искористи можноста да испрати оригинален одговор на својот нов директор, снимајќи се како ги одбројуваат последните моменти додека не го напуштат ова работно место.

Наместо да одговорат на мејлот, групата од четворица мажи објави видео на Твитер каде го „слави“ моментот кога ќе престанат да работат во оваа компанија.

– Уште 35 секунди и сите ќе бидеме отпуштени од Твитер. Работев овде девет години и девет месеци – вели Мет, кој сподели се на својот профил.

На Мет му се придружија уште двајца колеги кои поминаа исто толку време таму, додека „најмладиот“ меѓу нив помина четири години како вработен во Твитер.

– 10, 9, 8, 7, 6, 5… – тимот почна да одбројува, а кога заѕвони „ѕвончето“ Мет рече: „Среќна Нова Година“, додека лицето му го красеше кисела насмевка.

Групата потоа тргна да види дали значките на вратата се уште важат.

– Секој човек на ова видео беше несреќен затоа што си заминуваше. Ние го изградивме ова место. Му посакуваме само најдобро и жал ни е што го оставаме – објасни Мет.

Нивната објава ја погледнале речиси два милиони луѓе, додека во коментарите течеле зборови на поддршка и охрабрување.

– Ова е вистинска претстава за тоа како изгледа с***, човеку. Капата долу за вас момци – им рекол еден корисник.