Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Тешка сообраќајка синоќа во велешко: Охридски матиз и велешко пежо се судрија, пет лица се повредени

Синоќа нешто по 19 часот кај селото Мартолци се случила тешка сообраќајка меѓу матиз со охридски ознаки и пежо со регистарски таблици.

Возилоото со велешки таблици било управувано од Н.К. – 29 годишник од општина чашка, додека пежото било управувано од Н.Д. од село Богомила, дознава Centar.mk.

Во тешката сообраќајка повредени се возачите на двете возила, како и уште тројца патници во пежото.

Повредените се пренесени во болница, а полицијата ќе излезе со официјални детали во текот на денешниот ден.

*фотографијата е илустративна и не е од местото на несреќата

Можеби ќе ве интересира

Левица: Терор од брзите кредити со амин од власта – изнудувачи доаѓаат дома и ги заплашуваат семејствата

ДЕСК

Митева: Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ отвора бесплатен телефонски број за жртвите од семејно насилство со цел правна помош и советување

ДЕСК

Перински: Здравствениот систем е првиот контакт на жртвите на насилство, затоа е многу битно здравствениот работник да има утврден протокол и правилник за помош

ДЕСК