Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+CentarМакедонијаТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Процедурите се олеснети, компаниите да инвестираат во фотонапонски централи за долгорочно помали сметки за струја

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Охрид ја посети фабриката за производство на печурки Органска Буковка ДОО. Оваа компанија со користење на успешни владини мерки и средства од Фондот за иновации и развој успеа да развие целосно нов иновативен производ, но и да обезбеди целосно покривање со електрична енергија од фотонапонска централа инсталирана исто така со средства од ФИТР. Оваа компанија има инсталирано фотонапонска централа од 30 киловати со кои сега во услови на силна енергетска криза целосно ја покриваат потребата од електрична енергија на производството кое е 100% зависно од струја, односно е голем потрошувач.

Во продолжение е изјавата на премиерот Ковачевски во целост:

„Фабриката за производство на органски печурки „Органска буковка“ ДОО која ја посетив денеска овде во Охрид е доказ за посветена тимска работа на двајца основачи кои имаат визија за остварување на зацртаните цели и доследно го спроведуваат својот бизнис план. Јас навистина сум воодушевен што оваа компанија за исклучително краток временски период одлично се позиционирала на домашниот, но и на регионалните пазари пласирајќи свежа буковка во домашните синџири на маркети, но и во трговски мрежи надвор од државата.

Исто така за поздравување е што во вистинско време донеле клучни одлуки за инсталирање на кровна фотонапонска централа од 30 киловати со кои сега во услови на силна енергетска криза целосно ја покриваат потребата од електрична енергија на производството кое е 100% зависно од струја, односно е голем потрошувач.

Овде сакам да ги повикам производствените компании да инвестираат во сопствени фотонапонски централи со кои долгорочно ќе си ги намалат сметките за струја а со тоа и производствените трошоци.

Обновливите извори на енергија се нашата иднина. Ние како земја имаме ресурси, имаме сонце, вода, плодна почва. Со правилна поддршка и правилно менаџирање, јас сум уверен дека можеме да ја трансформираме нашата прекрасна татковина во хаб на зелената енергија и да обезбедиме и енергетска независност, но и да го снабдуваме регионот со струја од обновливи избори.

Како Влада силно сме посветени на долгорочниот правец на државата за енергетска трансформација. Затоа и резултатите се видливи. Само во мојот мандат, во мандатот од оваа Влада имаме веќе инсталирано 27 мегавати фотонапонски централи во државата.

Во моментов во фаза на финализирање се неколку договори за стратешки инвестиции за инсталиран капацитет од еден гигават, во проекти за изградба на фотонапонски и ветерни централи, како и комбинирана гасна електрана и тоа со реномирани големи европски компании, од Франција, Германија и Грција.

Од домашните капацитети, тука е електраната „Осломеј“. Токму со оваа инвестиција во фотонапонската електрана од десет мегавати, сопственост на ЕСМ, која се изгради на поранешните наоѓалишта на јаглен во РЕК „Осломеј“ ја започнавме енергетската транзиција на државата.

И што е уште поважно, ова е прва во енергетската транзиција од електрана на јаглен во чиста енергија во регионот. Дополнително работиме и на нови, веќе е објавен и јавен повик за изградба на уште 10 мегавати на истото место, во сопственост на ЕСМ.

Веќе се градат и фотонапонски централи по пат на Јавно приватно партнерство со турски и бугарски инвеститори со ЕСМ во Осломеј, со инсталиран капацитет од 100 мегавати.

Неодамна почна со работа најголемата фотонапонска централа со капацитет од 17 МW, изградена од страна на компанијата од Словенија („Ген-И“). Овој проект е доделен врз основа на првите транспарентни постапки за премиум тарифи кој е спроведен токму од оваа Влада.

Во наредните две години, треба се пуштат во употреба сите 130 мегавати на фотонапонски електрани, по пат на премиуми за кои се потпишани договори во изминатите две години.

Најзначајниот, историски проект „Чебрен“, сега за прв пат има понуда од изведувач, односно од инвеститор после 13 неуспешни тендери. Доколку се биде според она што е пропишано во документацијата и барањата конечно ќе имаме инвеститор кој ќе може да ја започне изградбата на овој огромен проект.

Лидери сме во регионот во енергетска трансформација со огромен потенцијал да станеме зелен енергетски центар на Европа!

Со двајцата основачи на компанијата разговаравме и за нивниот развоен бизнис план кој е навистина интересен. Со самото работење дошле на идејата за дополнителен производ -да се произведува чисто органска дехидрирана буковка со иновативна технологија.

Развојот на овој нов производ е кофинансиран од средства на Фондот за иновации, што укажува на фактот дека државата нуди поддршка секаде каде што ќе препознае потенцијал за развој и напредок во бизнисот како што е овој.

Ги охрабрувам компаниите во земјава да го следат овој позитивен пример, и да ги следат сите економски политики и донесени мерки од Владата. Благодарение на користењето на дел од тие мерки преку Министерството за економија и преку Развојната банка на Северна Македонија, како што се субвенционирање на плати, или пак бескаматни финансиски средства, оваа фабрика успеала да го задржи континуитетот на работење, но и да се развива.

Посебно за поздравување е што еден од сопствениците господинот Игор решил да се врати од странство во родниот град и со помош на сите позитивни владини мерки да покаже и докаже дека и кај нас има позитивен амбиент со квалитетно работење да се развие добар бизнис и планира подобра иднина. Ова е реткост, и затоа, е за голем поздрав.

На менаџментот на Органска буковка и на вработените им посакувам уште многу успеси во развојот на нивната компанија и освојување на нови пазари”.

Можеби ќе ве интересира…

  • Biznispro.com
  • Вести +
  • Жена
Ова се сите неработни денови за новогодишните и божикните празници во 2023 година

Со доаѓањето на крајот на старата 2022 година, многумина се прашуваат кои се неработните денови кои следат во декември и јануари со цел да си го испланираат слободното и празнично… Прочитај повеќе

Зеленски: Не му дозволуваме на непријателот да ги исполни своите намери, Русија бележи големи загуби

Украинскиот претседател Володимир Зеленски (Зеленски) зборуваше во ново видео обраќање во кое изјави дека ситуацијата на фронтот е многу тешка. – И покрај екстремно големите руски загуби, окупаторите се обидуваат… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе