4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Велешанец фатен со марихуана нападнал полицаец

На 17.11.2022, во 22.50 часот, на плоштадот Којник во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д. Т. (32) од Велес затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана, амфетамин и две дигитални ваги.

При лишувањето тој се обидел да побегне и физички нападнал полициски службеник. Д. Т. бил задржан во Полициската станица Велес и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.