17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+БИЗНИС

Битиќи: Регионалната конкурентност наспроти регионалната конкуренција е клучот за развој

Изминатите три години докажаа дека регионот може да ги артикулира своите потреби, да покаже посветеност, волја и способност да работи за доброто на сите граѓани, дури и преку кризи, какви што имавме или сè уште имаме, изјави заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, во неговото обраќање на отворањето на првиот Балкан економски форум.

„ Влегуваме во нова фаза на економски раст и на нашата регионална економска соработка. Од една страна, процесот на пристапување во ЕУ бара многу солидни подготовки за нашето идно учество на единствениот пазар на ЕУ. Берлинскиот процес, како и другите регионални иницијативи, успеа да го придвижи Западен Балкан во вистинската насока, а целосната интеграција на Западен Балкан во ЕУ треба да биде природен исход на реформскиот пат на регионот.

Додека се соочуваме со овие предизвикувачки времиња, покажавме дека работиме заедно, со сите напори, да го направиме Заедничкиот регионален пазар реалност во контекст на подготовка на можности за приближување на целиот регион до внатрешниот пазар на ЕУ.

Во овој контекст, преку поставување рамка и преку дефинирање конкретни активности во сите области на четирите слободи на ЕУ, кои се клучни за подобрување на животот на нашите граѓани, бидејќи тие даваат опипливи резултати. Тие ги поедноставуваат административните процедури за влез, транзит и краток престој во Западен Балкан користејќи само лични карти, а придонесуваат и за поблизок и подобро поврзан регион. Исто така, обезбедуваме еднаков третман на сите граѓани во целиот регион и ги зајакнуваме односите меѓу луѓето“ истакна Битиќи.

Според него, регионот треба да работи на зајакнување на синџирите на снабдување, што ќе ја изгради нашата регионална конкурентност на регионално ниво, но и ќе го зголеми нашиот извоз и со тоа нашите национални економии ќе растат.

„ Додека работиме кон Заеднички регионален пазар, отскочна штица кон единствениот пазар на ЕУ што ќе ја зајакне нашата економска интеграција, јас ја презедов иницијативата за создавање уникатна програма за субвенционирање на странски директни инвестиции на ниво на земјите од Западен Балкан, но исто така и создавање силен регионален синџир на вредност – што ќе ја подобри нашата конкурентност многу повеќе од она што секој од нас може да го направи тоа – поединечно“ рече Битиќи.

Спонзорирано: