4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка во Струмица: Излета хонда, едно лице тешко повредено

На 17.11.2022 во 15.00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат Струмица-Ново Село, во близина на село Ново Коњарево, А.Б.(42) од село Сушица, струмичко, управувајќи патничко возило „хонда“, со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал надвор од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.