10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Серија апсења низ Македонија – Полицијата лиши од слобода повеќе лица

На 17.11.2022 околу 21.45 часот бо тетовската населба Дреновец – Порој, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода М.Р.(42) од тетовско Мерово, Б.С.(21) од Копачиндол и М.К.(30) од Тетово, затоа што кај нив бил пронајден и одземен кокаин. Тројцата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.

На 17.11.2022 околу 14.30 часот во месноста „Бањиче“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 34-годишниот В.Е. од тетовски Требош, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и нож. Се расчистува и документира случајот и против В.Е. ќе следуваат поднесоци.

На 17.11.2022 околу 16.10 часот во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода А.К.(41) од гостиварско Леуново, затоа што кај него бил пронајден и одземен хероин. По документирање на случајот на А.К. ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

На 17.11.2022 во 22.50 часот на Плоштад „Којник“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.Т.(32) од Велес, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана, амфетамин и две дигитални ваги. При лишувањето тој се обидел да побегне и физички нападнал полициски службеник. Д.Т. бил задржан во Полициската станица Велес и по целосно документирање на случајот против него ќе следи соодветна пријава.

На 17.11.2022 во 21.20 часот на ул.„Девеани“ во Битола, полициски службеници на криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода А.Ш.(30) и И.С.(29), двајцата од Битола, затоа што при извршен преглед, кај А.Ш. биле пронајдени и одземени хероин и предмети со остатоци од прашкаста материја. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветена пријава.

На 17.11.2022 на локален пат во селото Србица, кичевско, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Б.И.(26) од село Србица, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 17.11.2022 во 13.15 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Н.С.(21) и С.Ф.(23), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Спонзорирано: