Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+Македонија

Маричиќ-Шуц: Германија останува посветена на регионот, ние да се фокусираме на ЕУ реформите

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, оствари средба со Сузана Шуц, директорката за Југоисточна Европа, Турција и земјите од ЕФТА во германското Министерство за надворешни работи.

На средбата беше разговарано за значењето на почетокот на преговори, за одвивањето на скрининг процесот, спроведувањето на реформите, за регионалната соработка и Берлинскиот процес.

– За нас е важно да ја имаме поддршката од земјите членки на ЕУ. Почетокот на преговорите со Унијата е заеднички успех, со кој отворивме нова страна на евроинтегративниот процес. Сега е најважно да останеме фокусирани на реформите и на процесот на преговори, рече Маричиќ.
Тој на средбата со Шуц се заблагодари за континуираната поддршка што ја имаме од Сојузна Република Германија и за препознавањето и вреднувањето на работата и посветеноста на оваа Влада на реформите.

Сузана Шуц рече дека за Германија интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ и соработката во рамки на Берлинскиот процес остануваат приоритет и во наредниот период.
– Отворањето на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија е значаен чекор во политиката на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, што е од стратешки интерес и за регионот и за Европа, истакна Шуц.
Соговорниците се согласија дека сега е сè во раце на Северна Македонија и дека е потребно да се посветиме на реформите и на исполнување на нашите обврски и на вистински начин да ја искористиме позитивната атмосфера во европските институции и помеѓу земјите членки.
На средбата зборуваа и за важноста од проактивноста на Берлинскиот процес, во вакви сложени геополитички околности, која отвора нова шанса за зајакнување на регионалната соработка и забрзување на евроинтегративниот процес.

Можеби ќе ве интересира…

  • Biznispro.com
  • Вести +
  • Жена
Ова се сите неработни денови за новогодишните и божикните празници во 2023 година

Со доаѓањето на крајот на старата 2022 година, многумина се прашуваат кои се неработните денови кои следат во декември и јануари со цел да си го испланираат слободното и празнично… Прочитај повеќе

Зеленски: Не му дозволуваме на непријателот да ги исполни своите намери, Русија бележи големи загуби

Украинскиот претседател Володимир Зеленски (Зеленски) зборуваше во ново видео обраќање во кое изјави дека ситуацијата на фронтот е многу тешка. – И покрај екстремно големите руски загуби, окупаторите се обидуваат… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе