Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МакедонијаТОП ВЕСТИ

Премиерот Ковачевски ќе направи увид на градежни работи на тунелот Кичево – Охрид

Pретседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска во 15:00 часот ќе направи увид на градежни работи на тунелот Кичево – Охрид.

Покрај премиерот Ковачевски присутни ќе бидат и првиот заменик-претседател на Владата Артан Груби, заменикот на претседателот на Владата за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП Државни патишта, Ејуп Рустеми.