10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Кој е паразит? Мицкоски да каже колку илјади евра му беше платата во ЕЛЕМ а колку кај Груевски? – прашаа од СДСМ

Соопштение на СДСМ:

Христијан Мицкоски во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски беше претседател на управниот одбор и генерален директор на акционерското друштво Електрани на Македонија.

Во тој период Мицкоски беше ангажиран како советник за енергетика на Груевски.

Мицкоски да каже колку илјади евра му беше платата во ЕЛЕМ, а колку земаше за да го советува Груевски?

Јавноста треба да знае колку бил платен Мицкоски, како експерт за енергетика и директор кога без криза струјата поскапе за 100%.

Исто така ниту една електрана, ниту еден стратешки објект за производство на струја во земјава не е изграден додека Мицкоски беше советник и директор на ЕЛЕМ.

Ама затоа универзитетскиот професор Мицкоски, кој вели дека живее од професорска плата, си игради хидроцентрали за себе, а за граѓаните не направи ништо.

Спонзорирано: